УТРО.мк

Николоски најави децениски проект: Сите населени места во Брвеница со директен излез на автопат

Николоски најави децениски проект: Сите населени места во Брвеница со директен излез на автопат
Vero

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва ја посети Општина Брвеница заедно со кандидатот за втор мандат градоначалник Јовица Илиевски. Николоски истакна дека сите средства од првиот повик на „Унгарскиот кредит“ се целосно реализирани и најави дека Општината ќе спроведува уште десетина инфраструктурни проекти од вториот повик.

Тие ја посетија улицата „Браќа Јаниќ“, чија реконструкција се реализира со вложување од 9,8 милиони денари. Потпретседателот Николоски нагласи дека се работи на деценискиот предизвик – сите населени места од општината да добијат директен излез на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

„По насока на Владата и министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на клучка која ќе го овозможи целосното решение за директен излез на автопатот за сите населени места“, рече Николоски. Тој додаде дека за општината ќе биде обезбеден специјален буџет за инфраструктурни проекти.

Градоначалникот Јовица Илиевски потенцираше дека поддршката од Владата и министерството е од голема помош за развојот на мала рурална средина. Тој информира дека од вториот повик веќе се почнати околу 70% од проектите, вклучувајќи ги улиците „Вардарска“ во Брвеница, Долно Маало во Челопек и улица кај стадионот во Теново.

Илиевски потсети дека со првиот повик од „Унгарскиот кредит“ се инвестирани околу 40 милиони денари за повеќе капитални проекти, а вториот повик обезбедува дополнителни 60 милиони денари за реализација на нови проекти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран