Во Општина Битола денес започна асфалтирањето на завршниот слој на левиот дел од коловозот на локалниот пат за село Буково, со должина од 600 метри, со што проектот „Доградба на коловоз на локален пат за село Буково“ е во завршна фаза.
Во рамки на проектот претходно е извршена стабилизација на банкината, а за правилно одводнување на коловозот се вградени префабрикувани бетонски каналети. Асфалтирањето се реализира со проектната ширина на коловозот од 5,50 метри.
Со завршувањето на овој проект, жителите на село Буково ќе добијат побезбеден и поудобен пат за секојдневното одвивање на сообраќајот.































