УТРО.мк

Зеленски со нов указ ја продолжи воената состојба во Украина до февруари 2026 година

Зеленски со нов указ ја продолжи воената состојба во Украина до февруари 2026 година
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потпиша нови закони со кои ја продолжува важноста на воената состојба и општата мобилизација во земјата до 3 февруари 2026 година.

Како што објави агенцијата УНИАН, документите се објавени на официјалната веб-страница на Врховната рада на Украина и предвидуваат продолжување на мерките за дополнителни 90 дена, почнувајќи од 5 ноември оваа година.

Ова е повеќекратно продолжување на воената состојба што првпат беше воведена на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна целосната инвазија врз Украина. Од тогаш, мобилизацијата и ограничувањата остануваат на сила во целата земја, додека украинските вооружени сили продолжуваат со одбранбените операции долж фронтот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран