УТРО.мк

Орбан: Сè уште не е познато дали пожарот во рафинеријата бил несреќа или напад

Орбан: Сè уште не е познато дали пожарот во рафинеријата бил несреќа или напад
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека истрагата за пожарот во рафинеријата за нафта Дунав во Сажаломбата сè уште трае и дека не е познато дали инцидентот бил резултат на технички дефект, несреќа или надворешен напад.

„Добив извештај од Министерството за внатрешни работи за пожарот во рафинеријата. Сè уште не знаеме дали се работи за несреќа, дефект или напад. Истрагата е во полн ек,“ напиша Орбан на својот профил на Фејсбук.

Тој потсети дека рафинеријата Дунав, која е под управување на унгарската нафтена компанија МОЛ, претставува една од петте најважни стратешки индустриски постројки во земјата и дека нејзината работа е клучна за националната енергетска безбедност.

Орбан се осврна и на неодамнешната изјава на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, кој, според него, ги советувал Украинците да го нападнат нафтоводот „Пријателство“ (Баратшаг), преку кој се транспортира руска сурова нафта. „Се надеваме дека тоа не е случај. Цените на бензинот веќе скокнаа,“ изјави унгарскиот премиер.

Тој наложил на министерот за економија Мартон Наѓ да преговара со раководството на МОЛ и да осигури дека компанијата нема да ја компензира загубата со зголемување на цените на горивата.

Пожарот во рафинеријата Дунав избувна ноќта на 20 октомври и беше ставен под контрола следниот ден. Се работи за најголемата рафинерија во Унгарија, која првенствено преработува руска сурова нафта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран