Во интерес на вистината би сакале дапотенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори. Оваа наша реакција доаѓа по вечерашната објава на личниот ФБ профил на лидерот на Левица Димитар Апасиев. Тој ја обвини Телма дека не му дозволила на кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ да се појави на интервју на Телма, откако против кандидатот Орце Ѓорѓиевски ја одби поканата за дебата.
Вистината е сосема поинаква. По одбивањето на дебатата од Ѓорѓиевски, уредниците на Телма зборуваа со Мециновиќ, при што му беше понудено да дојде на интервју, истиот ден за кога беше закажана дебатата, по истиот принцип на кој гостуваа и други кандидати. Мециновиќ културно се заблагодари на нашиот професионален однос, но не ја прифати поканата.
Што се однесува до дебатата што планиравме да се одржи на ТВ Телма, потенцираме дека ние не најавивме дебата, затоа што до последен момент чекавме потврда од двајцата кандидати. Поканата веднаш ја прифати Мециновиќ, а Ѓорѓиевски во текот на вчерашниот ден испрати известување дека нема да гостува.




![Балканскиот рис забележан меѓу есенските бои на Македонија [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-10-30-114850-1000x598.png&w=640&q=75&we)


























