Здружението „Еко Фазан“ го забележа Балканскиот рис меѓу жолтите есенски листови. Видеото е снимено од Лутфи Османи, член на здружението, а точната локација не е откриена.
Балканскиот рис е критично загрозено ендемско животно од Југоисточен Балкан. Главните упоришта се Националниот парк „Маврово“ во Македонија и планината Мунела во Албанија, а поединци се забележани и во Косово, со можност за присуство и во Црна Гора и Грција.
Се проценува дека популацијата брои помалку од 50 возрасни единки, со распостранетост од околу 6200 km². Присуството на овој редок предатор ја покажува богатата природна разноврсност и активноста на локалните здруженија за заштита на природата.

![Балканскиот рис забележан меѓу есенските бои на Македонија [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-10-30-114850-1000x598.png&w=1920&q=75&we)





























