УТРО.мк

Словенија ја вади војската на улиците

Словенија ја вади војската на улиците
Vero

По убиството во Ново Место, во кое животот го загуби 48-годишен маж, словенечките власти донесоа одлука да ја засилат безбедноста во регионот Долењска, распоредувајќи ја армијата како поддршка на полицијата.

Како што објави РТВ Словенија, на итен состанок на Секретаријатот на Советот за национална безбедност беше договорено активирање на мешани патроли составени од припадници на словенечката полиција и армијата. Армијата ќе ја поддржува полицијата со човечки ресурси и техничка опрема, но без полициски овластувања.

Секретаријатот ѝ предложи на владата да го активира членот 37 од Законот за одбрана за период од една година, со можност за месечна ревизија на безбедносната состојба. Владата, исто така, ќе разгледа предлог за дополнителни финансиски средства за полицијата, поради зголемениот обем на работа.

Ова е првпат по 2015 година, кога за време на мигрантската криза беше воведена слична мерка, словенечката армија повторно да биде ангажирана за поддршка на полицијата. Властите истакнуваат дека тогашниот модел се покажал како „ефикасен инструмент за одржување на јавната безбедност“.

Инцидентот во Ново Место, каде 21-годишен припадник на ромската заедница усмрти 48-годишен маж, ги влоши тензиите меѓу ромското и неромското население во регионот.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави дека владата ќе донесе посебен закон кој ќе го носи името на убиениот маж. Новиот закон, според најавите, ќе содржи измени во кривичното, социјалното и другото законодавство, вклучувајќи построги казни за повратници, поголеми овластувања за полицијата и мерки за одземање имот со сомнително потекло.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран