УТРО.мк

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници оваа зима

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници оваа зима
Vero

Аеродромите во Скопје и Белград се очекува да го забележат најголемиот раст на бројот на патници во регионот во текот на зимската сезона, покажува новиот ред на летање. Според специјализираниот авијациски портал Ex-Yu Aviation, двата аеродрома ќе добијат по повеќе од половина милион патници повеќе во споредба со минатата година, пред сè поради проширувањето на мрежата на „Виз Ер“.

Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, додека аеродромот во Белград се очекува да оствари раст од 518 илјади патници. На аеродромот во Охрид, пак, се прогнозира пораст од 24 илјади патници.

Речиси сите аеродроми на територијата на поранешна Југославија бележат зголемување на капацитетите во споредба со зимата 2024/2025.

Во првите три по раст, покрај Скопје и Белград, се наоѓа и аеродромот во Загреб, кој очекува 176 илјади патници повеќе. Главен двигател на растот таму е „Кроација ерлајнс“, која го шири својот возен парк и мрежата на дестинации.

Потоа следуваат Сараево со очекуван пораст од 113 илјади патници, Тузла со 96 илјади, Љубљана со 91 илјада, и Ниш со 88 илјади патници.

Вкупно, аеродромите во регионот оваа зима ќе понудат над 13,1 милион седишта на редовни линии во рамки на 84.633 авиооперации.

Најпрометна меѓународна дестинација кон која летаат авиокомпаниите од регионот останува Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704 патници.

За тековната зимска сезона досега се најавени 26 нови рути од аеродромите во државите на поранешна Југославија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран