УТРО.мк

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица
Vero

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик, претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (SNSD), и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, објави РСЕ. Од листата на санкции се отстранети и членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници, како и вкупно 48 други физички и правни лица, претходно санкционирани во рамките на Програмата за санкции за Западен Балкан.

OFAC го санкционираше Додик двапати поради антидејтонски активности и поткопување на државата. Стејт департментот истакнува дека последните одлуки на Народното собрание на РС треба да ја подобрат стабилноста на БиХ и да овозможат партнерство со САД врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и просперитет.

Од санкциите беа ослободени и децата на Додик, Игор и Горица, како и политичари и функционери од РС, меѓу кои: Ненад Стевандиќ, Сташа Кошарац, Радован Вишковиќ, Синиша Каран, Ален Шераниќ, Петар Ѓокиќ, Милош Букејловиќ, Сребренка Голиќ, Жерар Селман, Драган Станковиќ, Душко Перовиќ, Бранислав Окука, Далибор Паниќ, Рајко Кузмановиќ и Горан Филиповиќ.

Укинувањето на санкциите значи дека овие лица, како и нивните блиски и бизниси, повеќе не се на ограничувачките листи на САД.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран