УТРО.мк

ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје има нов директор

ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје има нов директор
Vero

Александар Јовановски е новиот директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, соопштија од претпријатието.

Јовановски доаѓа на функцијата од Град Скопје, каде што работел како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно бил ангажиран и во Секторот за локален економски развој. Има повеќегодишно искуство и во приватниот сектор, каде што работел како раководител на организациска единица во трговијата.

Покрај тоа, тој е ангажиран и во здружение за заштита и унапредување на животната средина, каде што учествувал во реализација на повеќе еколошки и општествено одговорни проекти.

Јовановски е дипломиран менаџер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и поседува меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина.

Од „Комунална хигиена“ – Скопје соопштуваат дека со неговото образование и професионално искуство, Јовановски ќе придонесе кон унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста и здрава животна средина во главниот град.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран