Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово нема да се гласа на вториот круг од Локалните избори 2025, закажан за недела, 2 ноември. Причината е што на првиот круг на 19 октомври не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност.
Според Државната изборна комисија (ДИК), излезноста изнесувала: Гостивар – 33,31%, Врапчиште – 25,18%, Маврово и Ростуше – 30,31%, и Центар Жупа – 21,49%.
Согласно член 132 став 2 од Изборниот законик, ако во првиот круг за избор на градоначалник не излезе една третина од запишаните гласачи, целата изборна постапка се повторува за соодветната општина. Новата постапка мора да започне во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати, без ограничување за минимална излезност.
Во останатите 32 општини и во Градот Скопје вториот круг ќе се одржи како што е закажано. Првиот круг во 2025 година беше извршен во 44 општини.





![Балканскиот рис забележан меѓу есенските бои на Македонија [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-10-30-114850-1000x598.png&w=640&q=75&we)

























