УТРО.мк

700 грама хашиш од Шпанија стигнале по пошта во Тетово –  Го чекале да ја подигне па го уапсиле

700 грама хашиш од Шпанија стигнале по пошта во Тетово –  Го чекале да ја подигне па го уапсиле
Vero

Царинските службеници откриле 700 грама хашиш во поштенска пратка пристигната од Шпанија, која била нарачана од македонски државјанин од Тетово.

Пратката била селектирана за детална контрола во Царинската испостава Пошти. При отворањето биле пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја, спакувани во неколку херметички затворени кеси.

На местото бил повикан тим од Одделението за оперативни работи, а царинско куче детектирало присуство на дрога. Со дополнително тестирање било потврдено присуство на ТХЦ.

Според информациите од Царинската управа, пратката била оставена да биде подигната од нарачателот.

Кога Р.В. од Тетово ја подигнал пратката, бил приведен од инспектори од Одделението за истраги.

По налог на јавен обвинител, материјата била испратена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за хашиш со вкупна тежина од 700 грама. Дрогата е запленета.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од Царинската управа велат дека борбата против сериозниот криминал останува меѓу нивните највисоки приоритети.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран