УТРО.мк

Претрес во дом во Скопје: Полицијата пронашла рачна бомба „кашикара“

Претрес во дом во Скопје: Полицијата пронашла рачна бомба „кашикара“
Vero

Полицијата лишила од слобода 33-годишен скопјанец откако при претрес во неговиот дом во Гази Баба била пронајдена рачна бомба.

Случајот се случил на 1 октомври околу 19:35 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (33) од Скопје.

При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена една рачна бомба „кашикара“.

Лицето било задржано во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран