Американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на средбата со кинескиот лидер Си Џинпинг на Truth Social најави дека Министерството за одбрана веднаш ќе започне со тестирање на нуклеарно оружје „на равноправна основа“ со другите нуклеарни сили.
„Заради програмите за тестирање на други земји, го наредив Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје. Овој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп. Тој додаде дека Америка е прва нуклеарна сила, Русија е втора, а Кина е третата, но ќе се изедначат во рок од пет години.
Стручњаците по меѓународна безбедност појаснуваат дека последните реални нуклеарни тестови се изведени пред повеќе од две децении – Кина последен пат тестирала во 1996 година, додека Русија го направила тоа преку Советскиот Сојуз во 1990 година. По 1998 година, единствена земја која спровела нуклеарни тестови е Северна Кореја, додека другите држави се придржуваат кон меѓународните договори кои забрануваат нуклеарни експлозии.
Сепак, Трамп повлекувајќи го овој чекор, ја менува праксата која била стабилна по завршувањето на Студената војна. САД со години не спроведувале вистински тестови, додека други нуклеарни сили како Кина и Русија значително ги унапредиле своите арсенали. Кина, на пример, го удвои бројот на нуклеарни боеви глави и развива тријада способна за лансирање од копно, море и воздух.
Русија, пак, неодамна претстави нови супероружја, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети, крстосувачки проектили и нуклеарен суперторпедо „Посејдон“, со кој може да предизвика разорни последици за крајбрежните градови.
Иако дел од овие тестови и проекти сè уште не се потврдени со независни извори, експертите предупредуваат дека повторното тестирање на нуклеарно оружје од страна на САД е значаен чекор кој ја менува динамиката на глобалната безбедност и ја зголемува тензијата меѓу нуклеарните сили.































