Кина се согласи да соработува во насока на завршување на руско-украинската војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Ван“, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја.
„Украина се држи многу силно, долго разговаравме за тоа. И двајцата ќе работиме заедно за да видиме дали можеме нешто да направиме. Се согласивме дека страните се меѓусебно поврзани. Се борат, а понекогаш мора да им дозволите да се борат, претпоставувам. Лудо, но тој ќе ни помогне и ќе работиме заедно по прашањето за Украина“, изјави Трамп.
На прашањето дали со Си Џинпинг разговарал за купување руска нафта, Трамп одговори негативно.
Тој позитивно зборуваше за средбата со кинескиот лидер, наведувајќи дека постигнале трговски договор кој, како што рече, би можел наскоро да биде потпишан, иако не даде дополнителни детали.































