Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави амбициозна програма за развој на Лесново како туристички локалитет кој ќе ги спои историјата, духовноста и природата.
Тоневски истакна дека Лесново, со својот културен бисер – Лесновскиот манастир „Св. Гаврил Лесновски“ и природниот феномен – вулканскиот кратер познат како „македонската Етна“, има потенцијал да стане препознатливо туристичко место како во земјата, така и надвор од неа.
Во рамки на програмата, предвидено е уредување на патеките за пешачење и разгледување, изградба на нов паркинг простор, поставување информативни табли и поттикнување на развојот на нови сместувачки капацитети.
„Со овие проекти, Лесново ќе добие нов живот – повеќе посетители, нови можности за локалното население и развој на културниот и еко-туризам. Нашата цел е одржлив туризам, зачувување на културното богатство и отворање нови работни места во угостителството и водичките услуги,“ изјави Тоневски.
Тој ги повика граѓаните да гласаат за број 9, нагласувајќи дека со ова се инвестира во дела и во иднината на Пробиштип.































