УТРО.мк

Рубио: САД ќе ја проверуваат подготвеноста на Русија за мировен договор

Рубио: САД ќе ја проверуваат подготвеноста на Русија за мировен договор
Vero

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат со дипломатските напори за постигнување мир во Украина, но останува неизвесно дали Русија навистина е подготвена да стави крај на војната.

Говорејќи на Минхенска безбедносна конференција, Рубио нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да ја тестира сериозноста на Москва во преговорите.

„Не знаеме дали Русија е искрено посветена на завршување на конфликтот, но ќе продолжиме да го проверуваме тоа“, изјави тој.

Паралелно со дипломатските активности, САД го зголемуваат притисокот врз Москва преку санкции во енергетскиот сектор, особено во нафтената индустрија, како и преку засилена воена поддршка за земјите членки на НАТО, со цел да се помогне на Украина.

Според Рубио, и покрај тешкотиите, има одреден напредок во разговорите. Тој посочи дека во Абу Даби неодамна биле одржани директни средби меѓу руски и украински воени претставници, што претставува позитивен чекор напред.

Сепак, најголемите пречки остануваат нерешените прашања поврзани со територијалните спорови и контролата врз нуклеарната централа Запорожје, кои се сметаат за клучни, но и најсложени за решавање.

По неколку години конфликт и дипломатски иницијативи, вклучително и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, конкретен договор сè уште не е постигнат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран