УТРО.мк

Хаос во авион од Турција: Масовна тепачка заврши со итно слетување во Брисел

Хаос во авион од Турција: Масовна тепачка заврши со итно слетување во Брисел
Vero

Драматичен инцидент се случил на лет од Турција, кога избувнала жестока тепачка меѓу патници, поради што авионот бил принудно пренасочен и итно слетал во Брисел.

Според сведоштвата на патниците, хаосот започнал откако едно лице се обидело да му го одземе мобилниот телефон на друг патник. Ситуацијата брзо ескалирала, а во авионот настанала паника. Очевидци раскажуваат дека имало крв на седиштата, а на подот биле забележани и расфрлани заби.

Патниците, меѓу кои имало семејства и постари лица, биле видно исплашени од насилството што се одвивало пред нив. Дел од нив изјавиле дека атмосферата станала целосно неконтролирана.

Дополнително, според сведоците, еден од учесниците во инцидентот бил во алкохолизирана состојба и упатувал расистички навреди, по што влегол во физичка пресметка со кабинскиот персонал, наводно поради забрана за пушење цигари.

По принудното слетување во Брисел, полицијата веднаш се качила во авионот и привела две лица инволвирани во тепачката.

Пилотот подоцна им се обратил на патниците, нагласувајќи дека во својата долгогодишна кариера ретко бил сведок на ваков инцидент, оценувајќи го како еден од најсериозните што ги доживеал.

По интервенцијата на надлежните служби, летот продолжил кон Манчестер.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран