УТРО.мк

Пет фотографии на Радоје Звицер објавени по потерниците за шест убиства

Пет фотографии на Радоје Звицер објавени по потерниците за шест убиства
Vero

Црногорската полиција објави пет фотографии од Радоје Звицер (42), водач на Кавачкиот клан, кој се бара за шест убиства, обид за убиство и шверц со дрога. Потерниците се издадени од Црна Гора и Австрија, а се објавени по обемната полициска акција на подрачјето на Котор и Тиват, при која беа запленети пари и луксузни возила од објекти што ги користело семејството Звицер.

Црногорската Интерпол канцеларија издаде црвена потерница за Звицер, кој е меѓународно баран за седум кривични дела поврзани со криминална организација, шест убиства, обид за убиство, пет кривични дела поврзани со дрога и нелегално поседување оружје и експлозивни материи.

Австриското МВР објави дека Звицер се бара и во Виена поради шверц на 83 килограми кокаин, увезен преку неговата криминална организација. Според оперативните информации, тој се наоѓа во бегство и се сомнева дека е во странство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран