УТРО.мк

Порака од Николоски за Св. Трифун: Да имаме успешна и плодна година

Порака од Николоски за Св. Трифун: Да имаме успешна и плодна година
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска од Неготино и Демир Капија, по повод празникот Св. Трифун, им посака успешна сезона и добар род на лозарите.

Тој истакна дека земјоделците ја започнуваат новата сезона со исплатени субвенции, нагласувајќи дека Владата ја исполнила својата обврска кон сите производители.

„Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната. Владата ја заврши својата обврска кон земјоделците и субвенциите се целосно исплатени за сите кои макотрпно работат и произведуваат“, изјави Николоски.

Вицепремиерот потенцираше дека поддршката за земјоделството ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се стимулира домашното производство и да се подобрат условите за работа на земјоделците.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Се надевам дека следната сезона ќе имаме уште поголеми цени и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што мора трудот да се цени и мораме да стимулираме домашно производство“, додаде тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран