УТРО.мк

Тинејџер без дозвола прегази пешак во Битола

Тинејџер без дозвола прегази пешак во Битола
Vero

Седумнаесетгодишен жител на Битола е лишен од слобода откако управувајќи автомобил без возачка дозвола удрил пешак и му нанел тешки телесни повреди.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила на 13 февруари 2026 година околу 18:35 часот на улицата „Козјак“. Малолетникот управувал патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, при што удрил во 42-годишниот пешак Е.К., исто така од Битола.

По незгодата, повредениот бил итно пренесен во Клиничката болница во Битола, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Битола, а по преземените мерки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото без да има стекнато право за управување со моторно возило.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран