УТРО.мк

Полициска акција на СВР Тетово – Оземени 6 автомобили за 24 часа

Полициска акција на СВР Тетово – Оземени 6 автомобили за 24 часа
Vero

На 13.02.2026 во 21:30 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Лешок, полициски службеници од Полициско одделение Теарце го лишија од слобода М.Н.(18) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат кордоба“ без регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а возилото е одземено.

На 13.02.2026 во 22:00 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Б.(27) од населба Млаки, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило. З.Б. е лишен од слобода, а возилото е одземено.

На 13.02.2026 во 14:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.М.(29) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица Гостивар, а возилото е одземено.

На 13.02.2026 во 23:45 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(28) од с.Ларце, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во СВР Тетово, а возилото е одземено.

На 13.02.2026 во 22:40 часот на ул.„Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.Б.(29) од населба Фазенериа, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во ОВР Гостивар, а возилото е одземено.

На 13.02.2026 во 22:00 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.З.(24) од Гостивар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „субару“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во ОВР Гостивар, а возилото е одземено.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран