УТРО.мк

Мицкоски: Партнерството со САД е клуч за стабилноста и економскиот развој

Мицкоски: Партнерството со САД е клуч за стабилноста и економскиот развој
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски оствари продуктивна средба со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, при што биле разгледани прашања од заеднички интерес и унапредување на билатералната соработка.

На средбата било истакнато дека стратешките односи со Соединетите Американски Држави претставуваат темел за стабилноста и економскиот развој на државата. Премиерот нагласил дека САД остануваат најголем поддржувач и клучен партнер, особено во време на глобални предизвици.

Мицкоски посочил дека зајакнувањето на партнерството со САД е од суштинско значење за националната безбедност и економскиот напредок, додавајќи дека соработката се гради врз взаемна почит, економска размена и заедничка посветеност на мирот и стабилноста.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран