
Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.
Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат обврска истиот да го пријават и заедно со пресметката да достават и соодветни докази (докази за остварен доход и доказ за евентуално платен данок во странство). Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година.
Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази: потврда од исплатувачот, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи, потврди за исплатен доход, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и евентуално платениот данок во странската држава.
Детални насоки за постапката на пријавување, начинот на пополнување на пресметката, плаќањето на данокот и примената на договорите за избегнување на двојно оданочување се достапни на следните линкови:
· http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170
· е-даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
· Список на држави со кои е склучен договор за избегнување двојно оданочување:
http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/tr/md
· Упатство за пополнување на електронската пресметка: https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE























