УТРО.мк

Иран објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Иран објави „листа за отстрел“ на израелски функционери
Vero

Иранската државна телевизија Офог емитуваше „листа за отстрел“ со седум високи израелски функционери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“. На емисијата, лицата на израелските функционери беа прикажани со слики од мети.

На листата, покрај Нетанјаху, се наоѓаат и директорот на Мосад Дејвид Барнеа, министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот Ејал Замир, командантот на воздухопловните сили Томер Бар, директорот на военото разузнавање Шломи Биндер и началникот на Дирекцијата за операции Ицик Коен.

Водителот на емисијата на хебрејски јазик рече: „Ќе го утврдиме времето на вашата смрт, почекајте го Абабил“, алудирајќи на иранскиот дрон Абабил.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран