УТРО.мк

Пукотници во Холандија: Повреден маж во Ротердам, пукање и во преполн парк во Амстердам

Пукотници во Холандија: Повреден маж во Ротердам, пукање и во преполн парк во Амстердам
Vero

Синоќа во населбата Гелдерсхофд во Ротердам, 27-годишен маж бил повреден во пукотница, соопшти холандскиот јавен сервис НОС. Напаѓачот по инцидентот побегнал со мал автомобил и полицијата интензивно трага по него.

Само неколку часа подоцна, втор вооружен инцидент се случил во еден парк во Амстердам, кој во тој момент бил преполн со луѓе. Според полицијата, чудо е што никој не бил повреден.

Сведоци пријавиле дека се слушнале повеќе истрели, а потоа забележале маж со пиштол како трча во правец на улицата Шпарндамерстрат. На самото место, полицијата пронашла пет чаури.

Засега не се објавени дополнителни информации за мотивите или можно поврзување на двата инцидента. Истражната постапка е во тек.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран