УТРО.мк

Огнен хаос во близина на Измир: Пожарот ги зафати куќите, евакуирани цели населби

Огнен хаос во близина на Измир: Пожарот ги зафати куќите, евакуирани цели населби
Vero

Огромен шумски пожар изби во близина на турскиот град Измир, предизвикувајќи вистинска паника кај жителите. Пламените јазици, кои брзо се проширија поради силниот ветер, стигнаа до станбени области и предизвикаа значителна материјална штета.

Жителите се евакуирани во паника, додека локалните власти мобилизираа сè што имаат на располагање за справување со огнената стихија. Општина Измир и противпожарните служби работат без пауза, обидувајќи се да го стават пожарот под контрола, но лошите временски услови сериозно ја отежнуваат интервенцијата.

Пожарот зафати и подрачја во близина на Аеронаутичкото техничко училиште и популарната пикник-зона Сарнич, што доведе до прекини во воздушниот сообраќај. Аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир откажа голем број летови, а за останатите се пријавени доцнења. Авиокомпаниите апелираат патниците да ги следат најновите информации преку своите веб-страници и аеродромските табли.

Екипите остануваат на терен и работат деноноќно за да го спречат ширењето на огнот кон други населени места. Засега нема информации за човечки жртви, но штетите се веќе големи, а опасноста сè уште не е помината.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран