УТРО.мк

Уапсени студенти во Србија поради наводен државен удар – вечерва итен протест во Белград

Уапсени студенти во Србија поради наводен државен удар – вечерва итен протест во Белград
Vero

Во Србија денеска беа уапсени повеќе студенти под сомнение дека подготвувале насилен напад врз државните институции, блокада на сообраќајници и уривање на објекти, со цел предизвикување хаос и насилна промена на уставниот поредок. Властите тврдат дека студентите наводно планирале напади и саботажи поврзани со изградбата на објекти за Expo.

Како реакција, студентите кои се веќе неколку дена во блокада повикаа на итен протест кој ќе се одржи вечерва во 20 часот пред Вишото јавно обвинителство во Белград (Савска 17а).

„Вчера бевме сведоци на брутално полициско насилство. Нашите пријатели и соборци беа претепани до несвест, полицијата не дозволуваше ни на итната помош да пристапи. Денеска многу студенти се уапсени. Ова не е момент за повлекување. Вашето присуство значи сигурност, поддршка, нечија шанса за слобода“, стои во соопштението на студентите.

Тие апелираат граѓаните масовно да излезат и да останат со нив до крајот на, како што велат, „борбата за слобода и правда“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран