УТРО.мк

РКЕ денес ќе одлучува за новите цени на горивата

РКЕ денес ќе одлучува за новите цени на горивата
Vero

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) денеска ќе ја донесе новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати.

Во последната промена, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) беше намалена за 2,50 денари и моментално изнесува 70,50 денари за литар.

Цените на другите горива останаа непроменети според одлуката од 23 јуни 2025 година. Така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 сè уште чини 77,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 79,50 денари, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 72,00 денари за литар.

Очекувањата се насочени кон денешната одлука на РКЕ, која ќе го одреди понатамошното движење на цените на горивата на македонскиот пазар.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран