УТРО.мк

Турција втор ден под оган: Шумски пожари беснеат во Измир – над илјада пожарникари се борат со огнената стихија

Турција втор ден под оган: Шумски пожари беснеат во Измир – над илјада пожарникари се борат со огнената стихија
Vero

Втор ден по ред, пожарникарските екипи во Турција се борат со разгорени шумски пожари во западната провинција Измир, соопшти денеска Министерството за шумарство на Република Турција.

Пожарите што избувнаа во подрачјата Кујуџак и Доганбеј дополнително се разгоруваат поради силниот ветер со брзина од 40 до 50 километри на час, информира министерот за шумарство Ибрахим Јумакли, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„На терен се ангажирани хеликоптери, авиони за гасење пожар, специјализирани возила и над илјада пожарникари. Даваме сѐ од себе да го ставиме огнот под контрола“, изјави министерот пред новинарите во Измир.

Поради опасноста од ширење на пожарот, турските власти евакуираа четири села и две населени места во погодените региони.

Турските крајбрежни области последниве години се сѐ почесто зафатени од шумски пожари, кои стануваат поинтензивни поради топлите и сушни лета. Научниците алармираат дека ваквите појави се во согласност со последиците од климатските промени.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран