По месеци дипломатски застој, Кремљ вчера го обвини Киев и Вашингтон за недостаток на напредок во мировните преговори. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека темпото на преговорите зависи од ставот на Украина, ефикасноста на американското посредување и развојот на ситуацијата на бојното поле.
Русија неколкупати одби предлози за прекин на огнот од САД и ја интензивираше офанзивата врз украински цивили, додека претседателот Владимир Путин порача дека целата Украина е нивна.
Два обида за мировни преговори се одржаа оваа година во Истанбул, но не донесоа значаен напредок. Двете страни изнесоа спротивставени предлози за крај на конфликтот, а украинското изасланство бараше безусловен 30-дневен прекин на огнот, додека Русија инсистираше на краткотраен прекин од 2 до 3 дена.
Украинскиот министер за одбрана, Русем Умеров, оцени дека Русија ја одбива самата идеја за запирање на убиствата и повика на силен меѓународен притисок за вистински мир, а не само за имитација на преговори.
И покрај застојот, Русија е отворена за третиот круг преговори, а Турција ја потврди својата спремност да биде домаќин на новата рунда. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски поддржува трилатерален формат и бара засилена американска воена помош.
Конфликтот продолжува, а руските сили напредуваат во југoисточна Украина, засилувајќи напади врз цивилите со ракети и дронови. Новиот датум за следниот круг преговори сè уште не е одреден.