УТРО.мк

Кирил Петков поднесе оставка: Повлекување од лидерската позиција поради корупциски скандал

Кирил Петков поднесе оставка: Повлекување од лидерската позиција поради корупциски скандал
Vero

Поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промената“, Кирил Петков, соопшти дека поднесува оставка и нема да се кандидира за нова лидерска функција на изборите за раководство на партијата, кои ќе се одржат во септември.

Во објава на неговиот профил на Фејсбук, Петков наведе дека оставката ја поднесува мирно и дека ќе остане активен како член на партијата, но „не како нивен лидер, туку како еден од нив“.

Овој чекор следи откако минатата недела најави повлекување од функцијата копретседател на партијата, како и оставка од пратеничката функција, преземајќи политичка и морална одговорност поради вклученоста на партиски кадри во корупциски скандал кој предизвика бурни реакции во јавноста.

Партијата „Продолжуваме со промената“ ќе одржи Генерално собрание во септември, на кое ќе биде избрано новото раководство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран