УТРО.мк

Пациент нападна полицајци во болницата во Битола – лишен од слобода 27-годишен битолчанец

Пациент нападна полицајци во болницата во Битола – лишен од слобода 27-годишен битолчанец
Vero

Непријатен инцидент се случи вчера во Клиничката болница во Битола, каде 27-годишен маж физички нападнал полициски службеници додека вршеле службена асистенција на медицинска екипа од Итната медицинска помош.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни 2025 година околу 17:35 часот, лицето Д.К. (27) од Битола нападнало полицајци во просториите на болницата. Полициските службеници веднаш реагирале и го совладале напаѓачот, кој бил лишен од слобода на лице место.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот. Случајот предизвика вознемиреност кај присутните во болницата, а надлежните апелираат за почитување на институциите и нивниот персонал.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран