На 29 јуни 2025 година, во 12:50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Ванчо Николески“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски таблички, управувано од Ф.Ч. (22) од село Горенци, општина Дебрца, и велосипед управуван од С.Ф. (59) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен и хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.