Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) остро реагираше на заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Од АВМУ нагласуваат дека политичарите и носителите на јавни функции мора да бидат пример за достоинствена и одговорна комуникација. „Апелираме тие да се воздржат од изјави што можат да поттикнат омраза во јавниот дискурс и да доведат до дела мотивирани од омраза“, се наведува во соопштението.
Агенцијата повика на почитување на слободата на медиумите и независноста на новинарите, додавајќи дека постојат институционални механизми за изразување незадоволство од медиумски содржини, кои секогаш треба да се користат наместо јавни закани и притисоци.