УТРО.мк

Мицкоски на средба со еврокомесарката Кос: Висока поддршка за реформите и европската агенда

Мицкоски на средба со еврокомесарката Кос: Висока поддршка за реформите и европската агенда
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се состана со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.

На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со акцент на спроведувањето на реформите, имплементацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, како и унапредувањето на соработката со европските институции.

„Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација“, објави премиерот Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница.

Еврокомесарката Кос, според премиерот, ја поздравила реформската агенда на новата влада и ја потврдила поддршката од Европската комисија за напредокот на регионот на патот кон ЕУ.

„Нагласив дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани“, додаде Мицкоски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран