УТРО.мк

Температури над 42°C, издадени предупредувања

Температури над 42°C, издадени предупредувања
Vero

Јужна Европа се пече на сонце: Температури над 42°C, издадени предупредувања за пожари

Јужна Европа денеска е зафатена од екстремен топлотен бран, при што температурите во Шпанија, Португалија, Италија и Грција надминаа 40 степени Целзиусови. Локалните власти издадоа итни предупредувања за опасност од шумски пожари и препораки за заштита на населението, јавува агенцијата Associated Press.

Во Португалија, дури две третини од територијата се наоѓаат во состојба на висока подготвеност поради екстремната жештина и зголемениот ризик од пожари. Во главниот град Лисабон, се очекува температурата да надмине 42°C.

И Грција повторно се соочува со висока опасност од пожари, при што надлежните институции предупредуваат дека првиот летен топлотен бран ќе трае најмалку до крајот на викендот.

Во Шпанија, во градот Севилја и други делови од југот и централниот регион, температурите достигнаа до 42°C. Националната метеоролошка служба AEMET соопшти дека јуни ќе биде најтопол месец во историјата на мерењата. Локалните власти апелираа граѓаните да избегнуваат физички активности во најтоплите делови од денот.

Италија исто така се соочува со екстремни температури, особено во регионите Лацио, Тоскана, Калабрија, Пулија и Умбрија, каде е забранета работа на отворено во најжешките часови. Синдикатите побараа од владата ваквите заштитни мерки да се прошират на целата територија на земјата.

Министерството за здравство на Италија денеска стави дури 21 град под највисоко ниво на предупредување за опасни температури. Меѓу нив се и популарните туристички дестинации – Рим, Милано и Неапол.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран