УТРО.мк

Временска прогноза: Еве какви температури ја очекуваат Македонија во месец јули

Временска прогноза: Еве какви температури ја очекуваат Македонија во месец јули
Vero

Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, според најновото ажурирање на (ECMWF моделот) Европскиот центар за среднорочна прогноза, претстојниот месец јули 2025 година кај нас во нашата Македонија ќе биде натпросечно топол со температури кои ќе бидат повисоки за 1 до 2 степени за месец јули, што значи дека може да очекуваме нови топлотни бранови со потекло од југ, односно од Африка.

Натпросечно топол јули ќе имаме низ целиот регион, како и во најголем дел од европа. Топлотни бранови ќе има низ цела европа во текот на претстојниот месец јули.

Но да напоменам дека, поради тоа што полека ќе добива на интензитет ладната Ла Ниња која влијае на времето во европа и кај нас на Балканот, топлотните бранови кои ги очекувам во јули нема да бидат многу долготрајни и многу екстремно топли, туку тие ќе бидат по умерени.

Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме релативно суво време (сушен период), но и покрај ова, со повремените ладни фронтови на висина, секако дека треба да очекуваме и појава на повремени врнежи, грмежи како и локални временски непогоди, кои би можеле да бидат и многу интензивни.

Со оглед на тоа ека се работи за месечна анализа на времето, промени во истата се можни, па токму поради ова граѓаните да ги следат моите по краткорочни метео анализи кои се далеку по прецизни и со голема веројатност за остварување, и тоа за повеќе од 90% . Токму ова го наведувам за да не дојде до забуна кај граѓаните.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран