На 29 јуни 2025 година во 11:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во селото Јегуновце, тетовско, избувнал пожар на нива посеана со жито. Огнот брзо се проширил и зафатил импровизирана метална гаража во сопственост на Л.Р. (61) од Јегуновце, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Т.К. (48) од Скопје. Дополнително, пожарот оштетил и прагови од колосек на железничката пруга.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово. Причините за настанот се во тек на истрага.