УТРО.мк

Нов напад врз хуманитарни центри во Газа: Загинаа најмалку 32 лица

Нов напад врз хуманитарни центри во Газа: Загинаа најмалку 32 лица
Vero

Најмалку 32 лица загинаа утрово во нови израелски воздушни напади врз Појасот Газа, јавуваат медицински извори од болниците низ енклавата.

Според информациите од болницата „Ал-Али“, десетмина Палестинци загинале откако проектили погодиле магацин за дистрибуција на хуманитарна помош во населбата Зејтун, во јужниот дел на Газа.

Во одделен инцидент, уште две лица – корисници на хуманитарна помош – загинале во близина на центар за помош во градот Рафах, исто така како резултат на израелска артилериска стрелба, соопшти медицинскиот комплекс „Насер“.

Овие напади доаѓаат во период на сѐ поголена хуманитарна криза, при што хуманитарните организации предупредуваат дека се нарушува пристапот до основни залихи, вклучително и храна и лекови.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран