УТРО.мк

Падна меѓународен канал за шверц на дрога: Уапсени три лица во полициска акција во Струмица

Падна меѓународен канал за шверц на дрога: Уапсени три лица во полициска акција во Струмица
Vero

Пред неколку минути на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвиваше голема полициска акција во која, според информации на Нетпрес, се уапсени три лица осомничени за шверц на наркотична дрога. Акцијата е спроведена од страна на Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица.

Според првични, неофицијални информации, станува збор за организирана група која користела рута од Скопје кон Струмица, со крајна дестинација Бугарија или Грција. Уапсените се двајца жители на Скопје и едно лице од Струмица, а кај нив е пронајдена поголема количина марихуана.

Полицијата со оваа акција повторно упати јасна порака дека борбата против организираниот криминал останува врвен приоритет и дека секој обид за шверц и трговија со дрога ќе биде решително спречен и санкциониран.

Се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи со повеќе детали за случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран