Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против О.Ф.Т. (22) од Република Турција и М.Е.К. (25) од Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што информира МВР, на 3 јуни 2025 година, по судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот каде што престојувале пријавените. Притоа, биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со куршуми од 7,62 милиметри.
Пронајденото оружје е одземено за понатамошна постапка, а надлежното обвинителство е запознаено со случајот. Истрагата е во тек.