Поранешен пријател на Илон Маск: „Тој не заборава понижување – Трамп ќе ја почувствува одмаздата“
Угледниот невронаучник Филип Лоу, долгогодишен поранешен пријател и соработник на Илон Маск, предупреди дека актуелниот конфликт меѓу Маск и американскиот претседател Доналд Трамп добива сè поостра димензија – и дека Маск речиси сигурно нема да заборави како бил понижен.
Во изјава за „Политико“, Лоу – кој претходно соработувал со Стивен Хокинг и го имал Маск како инвеститор во свој стартап – посочи дека милијардерот не простува лесно. Потсети дека во 2021 година го отпуштил Маск од советодавниот одбор на својот бизнис, а и покрај тоа што подоцна останале во контакт, односите никогаш не се вратиле на старото.
„Имав неколку конфликти со Илон низ годините. Познавајќи го добро, верувам дека ќе стори сè за да му наштети на Трамп“, изјави Лоу, додавајќи дека јавноста не треба да се залажува со евентуално помирување меѓу двајцата.
„Секоја форма на помирување со Маск ќе биде исклучиво козметичка и трансакциска. Тој е длабоко повреден и понижен. Можеби ќе инвестира во десничарски судии или ќе се вклучи во изборна поддршка, но суштински – таа врска е завршена“, вели Лоу.
Невронаучникот предупреди и на одредени повторливи модели на однесување кај Маск, посочувајќи дека Трамп наскоро би можел да ги почувствува последиците.
„Илон има образец: доколку не може да преземе контрола над некоја структура, се обидува да ја дестабилизира или да создаде ривалска. Трамп и Маск одамна беа на пат кон судир. Трамп се обидуваше да го претстави Маск како сојузник, но сега работите излегоа од контрола“, заклучи Лоу.