УТРО.мк

Лишен од слобода виничанец, а возилото му е одземено-возел под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената, а возилото било нерегистрирано

Лишен од слобода виничанец, а возилото му е одземено-возел под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената, а возилото било нерегистрирано
Vero

На 29.06.2025 во 13.30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(55) од Виница.

При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница.

При контролата е утврдено и декa сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено. При тоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против М.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а и 383 од Кривичниот законик.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран