УТРО.мк

Насмеани до солзи и во ритам на македонски евергрини: Заврши Културното лето во Кисела Вода

Насмеани до солзи и во ритам на македонски евергрини: Заврши Културното лето во Кисела Вода
Vero

Со многу смеа, музика и одлична атмосфера, во општина Кисела Вода се одржа последната вечер од манифестацијата Културно лето. Настапите на стенд ап комичарите Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски ги насмеаја присутните до солзи, додека Теа и бендот 2Exit ја загреаја публиката со македонски евергрини кои ја исполнија вечерта со позитивна енергија.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој ова беше последно Културно лето во неговиот мандат, изрази благодарност до сите кои присуствуваа и ги поддржаа настаните.

– Ова беше прекрасно и незаборавно искуство, но тоа не е крајот. Ова е само увертира за најдоброто кое допрва следи, порача Ѓорѓиевски.

Настанот ја потврди традицијата на Кисела Вода како место каде културата и забавата се спојуваат во пријатна и инспиративна атмосфера за сите генерации.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран