УТРО.мк

Нетанјаху порача: Следуваат одлучни фази против Хамас

Нетанјаху порача: Следуваат одлучни фази против Хамас
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека по прекршувањето на примирјето од страна на Хамас, Израел одговорил со воени дејствија и најави нови, одлучни фази против организацијата во Појасот Газа.

За време на посетата на седиштето на мултинационалните сили во Киријат Гат, Нетанјаху истакна дека целта останува разоружување на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа – план што го координираат Израел и САД.

„Работиме на тоа во неколку фази“, изјави тој, во придружба на командантот на американската Централна команда, адмирал Бред Кувер.

Израелската војска потврди дека извршила серија воздушни напади врз Газа, при што се убиени најмалку 109 лица, меѓу нив и 52 деца. Нетанјаху нареди „силни удари“ поради, како што рече, прекршување на примирјето од страна на Хамас, кој пак негира вмешаност и тврди дека останува посветен на прекинот на огнот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран