УТРО.мк

„Кентаури“ – новите оклопни чудовишта на француската полиција за контрола на протести

„Кентаури“ – новите оклопни чудовишта на француската полиција за контрола на протести
Vero

Француската жандармерија денес распореди 24 нови оклопни возила „Кентаур“ (Centaure) за време на протестите низ земјата. Името на возилото потекнува од митолошкото суштество половина човек, половина коњ, а новиот апарат е дизајниран да биде безбеден, робустен и одвраќачки, но без агресивен изглед.

Производителот SoFrame од Алзас информира дека возилото тежи 14,5 тони и има оклоп STANAG 4569 Класа 2, кој го штити од куршуми од 7,62 мм и од фрагменти од мини. Опремено е со мотор од 330 КС и може да издржи патување до 500 километри. Димензиите се 3.820 mm x 2.940 mm x 7.500 mm, а капацитетот изнесува до 10 лица.

„Кентаур“ може да биде вооружен со топ FN MAG 58 со далечинско управување и автоматски фрлач на гранати со 30 куршуми. За контрола на толпата користи топ со солзавец, а термалната камера овозможува откривање на растојание до 9 км. Системот Pilar V открива од каде се пука, додека предната хидраулична „вилушка“ поместува пречки до 3,5 тони.

Возилото е модуларно и може да се опреми со радар, беспилотни летала, уреди за блокирање на сигнали и друга специјализирана опрема, што го прави моќна алатка за справување со немири и заштита на полицијата во текот на протестите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран