УТРО.мк

Полска бара поддршка од Украина за одбрана од дронови

Полска бара поддршка од Украина за одбрана од дронови
Vero

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш денеска престојува во Киев, каде што побара поддршка од Украина во развојот на капацитетите за борба против беспилотните летала.

– Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата за одбрана, но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала – изјави Косињак-Камиш.

Дроновите, кои можат да се користат и во офанзива и во одбрана, станаа клучна алатка на бојното поле откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од три години. Нивната примена значително го промени начинот на водење на војната, а земјите ширум светот настојуваат што побрзо да ја совладаат оваа технологија.

Посетата доаѓа само неколку дена по упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на Полска, кои беа соборени од борбени авиони на НАТО. Настанот ги зголеми тензиите во Источна Европа и ја засили загриженоста дека конфликтот може да се прошири надвор од територијата на Украина, објави АП.

Војната меѓу Русија и Украина продолжува, и покрај повеќемесечните напори на САД да спречат ескалација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран