УТРО.мк

Франција во хаос: Полицајци повредени, стотици илјади на улица, 119 уапсени

Франција во хаос: Полицајци повредени, стотици илјади на улица, 119 уапсени
Vero

Во денешните масовни протести низ Франција до 14 часот се приведени 119 лица, а шест полицајци се повредени за време на судири со демонстранти, јави БФМ телевизија.

Француската полиција регистрирала собири на 439 локации со вкупно околу 243.000 учесници, а блокирани биле 92 патишта. Демонстранти накратко навлегле и во дворот на Министерството за економија во Париз, но потоа се повлекле.

Премиерот Себастијан Лекорни изјави дека ситуацијата внимателно се следи. По пладне протестните поворки се прошетаа низ Париз, Бордо и Нант, носејќи транспаренти со пораки како „Макрон ако си шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“ и „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“.

„Паризиен“ пренесе дека центарот на Париз е блокиран, а утрово демонстранти ги попречија средните и основните училишта, железничките станици и метрото, пред подоцна да се повлечат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран