УТРО.мк

Бесен возач нападна пожарникари – службеното возило оштетено

Бесен возач нападна пожарникари  – службеното возило оштетено
Vero

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото.

Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран